Поврзете се со нас

Лига на нации

Стрелецот на голот за Шпанија: Тој што го смислил ова правило не играл фудбал во животот!

Објавено

на

Микел Ојарзабал беше човекот кој го постигна единствениот гол за Шпанија оваа вечер на „Сан Сиро“, но и играчот кој беше најблиску до 2:2 после контроверзниот гол на Килијан Мбапе кој го пресуди финалето во Лигата на нации.

Фудбалерот на Реал Сосиедад не можеше да го сокрие разочарувањето од начинот на кој тој и неговите соиграчи беа совладни на завршниот меч во Италија, бидејќи на крајот како одлучувачко се покажа едно бизарно фудбалско правило кое оваа вечер се покажа како кобно за Шпанците.

Иако Килијан Мбапе беше во офсајд, инстинктивниот допир со топката на стоперот Ерик Гарсија направи реактивирање на друга акција, па поради тоа, луѓето во ВАР собата се повикаа на строгиот правилник и го прогласија голот на Французинот за регуларен. Најпросто објаснето, доколку Ерик Гарсија не се обидеше да ја стигне топката, ќе беше досуден чист офсајд, но поради природната реакција како и на секој дефанзивец, нерегуларната позиција на Мбапе се „поништи“ и голот на крајот беше признат.

– Покажавме карактер и страст за надигрување. И после тој несреќен гол кој им го признаа, имавме две шанси за израмнување. Одработивме извонредно и треба да бидеме горди на себе.

– Сите што играме фудбал и сите што некогаш играле фудбал, знаат дека ова е чист офсајд. Тој што го смисли ова правило не играл фудбалот во животот и не знае ништо за случувањата на теренот. Ерик не сака да игра со топката, тој се обидува да ја расчисти опасноста. Мбапе е во офсајд, а судијата ни вели дека Ерик сакал да игра со топката. Ова правило мора да се промени, – вели Ојарзабал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни