Стрелаше за победа: „Дијамантот“ Елмас влезе и ја стресе Коњаспор на Јаховиќ (Видео)

elif elmas

Младиот Елиф Елмас ја доби македонската пресметка со Адис Јаховиќ во најсилниот турски фудбалски шампионат. Нашиот фудбалски бисер беше творец на победата на Фенербахче над Коњаспор од 1-0 и тоа со својот погодок во 67 минута.

Елмас оваа средба ја започна од клупата и во игра влезе во 61 минута, но тоа воопшто не му беше проблем и набрзо ја начна мрежата на домаќините со одмерен удар од 11-12 метри.

Со ова Фенер ја прекина серијата од три порази во низа, а Елмас уште еднаш го потврди својот квалитет, потенцијал, односно потврди зошто ја има довербата од тренерот Филип Коку.

Facebook Коментари