Стратегот на Спарс во акција-Попович урлаше и им порача на судиите: Сите тројца сте… (Видео)

Еден од мечевите кој ја одбележи петочно-саботната програма во НБА лигата беше овој во Тексас каде Сан Антонио Спарс со голем пресврт дојде до триумф над Оклахома Сити Тандер со 104-101.

„Мамузите“ имаа негатива од 23 поени, но водени од триото Олдриџ-Грин-Гасол дојдоа до значаен триумф против ривалот од Западот.

Овој дуел освен пресврт донесе и момент во кој главната улога ја имаше Грег Попович кој им се нафрли и им испрати јасна порака на судиите по една нивна одлука.

-Сите тројца, првиот, вториот, третиот… вие сте ебано слепи, -порача стратегот на Спарс.

Facebook Коментари