Поврзете се со нас

Лига Европа

Стратегот на АЕК по херојската победа над Партизан: Тричковски е наш најдобар играч, но…

Објавено

на

Стратегот на АЕК Ларнака, Хозе Луис Орта се обрати пред медиумите по крајот на натпреварот против Партизан по кој неговиот тим се пласираше во плеј-оф фазата од Лига Европа.

АЕК остана непоразен во Белград (2:2) и сосема заслужено си обезбеди европска есен затоа што во најмала рака ќе игра во групната фаза од Конференциската лига на Европа.

На натпреварот со Партизан, шанса за настап не доби нашиот Иван Тричковси, но тоа донекаде беше и очекувано заота што АЕК тргна да брани резултат

Дека отсуството на Тричко е од тактичка природа потврди и самиот Орта кој истакна дека нашиот интернационалец е најдобар играч на тимот на АЕК Ларнака.

– Жалам што Иван денеска не играше, затоа што за мене тој е најдобар играч на нашиот тим, со многу искуство. Мислам дека ова не беше натпревар за него, носев одлуки за доброто на тимот,- изјави Орта.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни