Поврзете се со нас

Англија

Стратегот има јасен план: Гвардиола донел одлука за неговата иднина на „Итихад“

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManCity

Пеп Гвардиола веќе осум години е дел од премиерлигашот Манчестер Сити, тим кој успеа да го однесе на едно друго ниво, тим кој сега важи за еден од најдобрите на светот.

„Итихад“ местото каде Пеп досега најмногу се задржа во тренерската кариера, период во кој успеа да му донесе на Сити 15 големи трофеи меѓу која и оној од Лигата на шампионите, пехар за кого се сонуваше во синиот дел од Манчестер.

Меѓутоа секоја приказна има свој почеток и крај, па таква ќе биде и оваа на Гвардиола со „граѓаните“ со кои се очекува да се раздели во 2025 година кога ќе му истече актуелниот договор. Оваа вест ја носи реномираниот „Дејли Мејл“ кој пренесува дека клубот сака да го задржи Шпанецот, сака да ја продолжи соработката, но Пеп е се поблиску до заминување, излезната врата на актуелниот англиски првак.

Се споменува името на Мичел од Џирона како потенцијален наследник, но на листата на можни тренери се и Јулијан Нагелсман, Чаби Алонсо, па и Роберто Де Ѕерби.

Пеп пред некое време потврди дека сигурно ќе го води клубот во натпреварувачката 2024/2025, ама токму оваа година би требало да биде завршна и останува да се види какво лето ќе има Сити кога е во прашање пазарот и потенцијалните засилувања со оглед на тоа што има неколку ѕвезди за кои се говори дека можат да повлечат значаен потег како голманот Едерсон, потоа Кевин Де Брујне и португалскиот репрезентативец Бернардо Силва.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни