Поврзете се со нас

Англија

Стратегот беше директен: Гвардиола објасни која е главната разлика меѓу Меси и Халанд (ВИДЕО)

Објавено

на

Ерлинг Халанд „грми“ во дресот на Манчестер Сити во оваа сезона, а во неговото последно шоу даде три гола и запиша две асистенции во пресметката со Манчестер Јунајтед во Премиер лигата.

По ваквото издание тој дополнително си ја зголеми цената, вниманието кон него е уште поголемо, доби и добива големи комплименти и пред него сега е предизвик да го задржи овој ритам. Шпанскиот стратег Пеп Гвардиола многу добро знае како е да се работи со играчи кои едноставно растураа со голови, а токму еден таков беше Лионел Меси.

Гвардиола беше запрашан да направи според меѓу Норвежанецот и Аргентинецот, па предводникот на „граѓаните“ беше многу прецизен и директен.

-Разликата е во тоа што на Ерлинг му се потребни соиграчите да постигнува голови. Тој е неверојатен. Меси пак има способност тоа сам да го прави, -порача Пеп.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни