Поврзете се со нас

Свет

Страста за фудбалот не познава години: Роналдо постави нов рекорд и славеше гол како тинејџер (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/AlNassrFC_EN

Ал Наср одамна ја загуби шампионската битка со Ал Хилал и мораше да се задоволи само со второто место, но Кристијано Роналдо имаше голем влог во последното коло и на крајот успеа во намерата која ја имаше.

Португалскиот великан постигна два гола во победата од 4:2 која ја оставри Ал Наср во последното коло во саудиската прва фудбалска лига, а тоа донесе уште еден рекорд зад неговото име.

Роналдо со денешниот прв гол се израмни по бројот на најмногу постигнати гола во една натпреварувачка сезона во Саудиска Арабија, а со вториот изби сам на вечната листа како единствен кој постигнал 35 погодоци во една кампања.

Досегашен рекордер во Саудиска Арабија беше Абдеразак Хамдалах кој во 2019-та година постигнал 34 гола во дна сезона како играч на Ал Наср, но овој рекорд сега го поправи славниот Португалец.

Роналдо со огромни емоции го прослави рекордниот гол, па со тоа само покажа дека страста за фудбалот не се губи и на 39 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни