Страшниот спринт и импресивен слалом на Дембеле го фрли во транс „Камп Ноу“ (Видео)

dembele-selta

Осман Дембеле полека влегува во ритам по тешката повреда која ја имаше на мускулот, а вчера ги одигра последните 30 минути од натпреварот со Селта Виго, заменувајќи го Лионел Меси во 59-та минута од средбата.

Дембеле на овој начин стана првиот играч кој го заменил Меси пред 60-та минута од мечот по пауза од 11 години, но мора да се напомене дека ги воодушеви фановите и со своите потези на теренот, или поточно со својата неверојатна брзина и можност да продира во противничката половина.

Дефинитивно најдобриот потег го изрежира во 69-та минута кога изрежира еден страшен спринт и импресивен слалом, а иако неговиот обид за гол заврши во блокот, посебна интересна беше и реакцијата на фановите на Барселона кои во дадената ситуација изреагираа како Французинот да постигнал гол.

Facebook Коментари