Поврзете се со нас

Формула 1

Страшниот инцидент на Леклер ја прекина трката на Монца (Видео)

Објавено

на

Трката за Големата награда на Италија се претвори во најголем пекол за Ферари, особено ако се знае дека Монца традиционално е домашна трка на тимот од Маранело кој ова попладне ја продолжи својата мизерија.

Најпрво трката рано ја заврши Себастијан Фетел откако му откажаа сопирачките, но некаде на средина на трката, следеше голем и незгоден инцидент на младиот Шарл Леклер.

Моначанецот загуби контрола над својот болид пред излезот на целната рамнина и со голема брзина се заби во заштитната ограда која се разби од силината, а најдобра вест е тоа што Леклер мина без некаква повреда и сам го напушти уништеното Ферари.

Леклер експресно им се извини на своите шефови преку тимското радио и покрај тоа што не беше во горниот дел од поредокот, а по неговиот инцидент, стјуардите покажаа црвено знаме и трката во Италија беше прекината, со најава дека ќе биде рестартирана.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни