Поврзете се со нас

Свет

Страшни сцени од Чиле: Покривот на „Монументал“ попушти и ги шокираше еуфоричните навивачи (Видео)

Објавено

на

Фудбалот се доживува со поинакви и посебни страсти во Јужна Америка, нешто за што сме добиле потврда во повеќе наврати, без разлика дали станува збор за натпревари од Аргентина, Бразил, Уругвај, Чиле или Колумбија.

За жал, фудбалските фанови од овој континент повремено знаат да имаат и претерани реакции, а едно такво невнимание за малку ќе донесеше голема трагедија во Чиле.

Овој викенд на програмата е огромното дерби меѓу Коло Коло и Каталика кое е закажано за в недела, па во обид домашните навивачи да приредат спектакл на денешниот тренинг, дошло до голем страв на трибините на познатиот стадион „Монументал“.

Навивачите на Коло Коло режираше неверојатна атмосфера, но дел од симпатизерите се качиле и на покривот на трибината, кој за жал попушти од притисокот.

Покривот се урна и фановите паднаа од голема височина, а медиумите од Чиле пренесуваат дека вистинско чудо е како нема жртви. Среќна околност е тоа што само осум навивачи имаат повреди, од кои двајца имаат фрактури. Сите се пренесени во болница, но најважна вест е што нема починати.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни