Поврзете се со нас

Германија

Страшната контра донесе нов моќен спринт: Несопирливиот Халанд претрча 95 метри за 12 секунди (Видео)

Објавено

на

Борусија Дортмунд режираше спектакуларна контра на натпреварот против Борусија Менхегладбах во германскиот куп, акција со која си обезбеди пласман во полуфиналето во ова натпреварување.

Џејдон Санчо беше стрелец на погодокот кој е добра дефиниција за тоа како треба да се изведе една школска контра во фудбалот, но мора да се напомене дека огромна работа во дадената ситуација одработија и Шулц, Халанд и Ројс.

Иако во прв момент во фокусот се најде целокупната акција на „милионерите“, деталната анализа на Германците одново му даде големо значење на Ерлинг Халанд, кој одново презентираше еден страшен спринт во моменти кога намириса опасност.

Норвежанецот претрча 95 метри на неверојатен начин за точно 12 секунди, а во меѓувреме имаше и допир со топката во моментите кога ја проследи истата до Ројс, пред капитенот да го има конечното додавање до Санчо.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни