Поврзете се со нас

Атлетика

Страшна спринтерска трка: Илејн Томпсон постави нов рекорд, легендарниот Болт експресно реагираше (Видео)

Објавено

на

Јамајка е земјата која доминира во светската атлетика, а доказ за тоа добивме и ова попладне, бидејќи Илејн Топмсон Хера со неверојатен спринт постави нов олимписки рекорд во Токио.

Атлетичарката од Јамајка го одбрани златниот медал освоен на Летните Олимписки игри во Рио, такашто денес со молњевит спринт ја остави зад себе конкуренцијата, или поточно своите две сонароднички.

Јамајка како земја учесничка дојде до златниот, сребрениот и бронзениот медал поради изданијата на Илејн Томпсон Хера, Фрејзер Прајс и Шерика Џексон, па тоа предизвика воодушевување и кај легендарниот Јусеин Болт кој веднаш реагираше за огромниот успех на своите сонароднички.

Сепак, хероина на денот е Илејн Томпсон поради тоа што фантастичното време од 10,61 секунда постави нов олимписки рекорд, соборувајќи го долгогодишниот рекорд на легендарната Грифит од 1988-ма година.

Ова е второ најдобро време во исторјата на најкратката делница во женска конкуренција, веднаш зад апсолутниот рекорд на Грифит кој изнесува 10,49.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни