Страшна снимка: Цела конструкција од кошот падна врз играч за време на натпревар (Видео)

Kos padnat

Интересен натпревар се одигра од квалификациите за Светското првенство меѓу Аргентина и Парагвај, во кој натпревар, без никакви проблеми победија Аргентинците.

Но, еден момент од средбата го означи овој натпревар како високоризичен. Се се одвиваше нормално, имаше контранапад од страна на Аргентинците кои ја завршија ефикасно со забивање и тогаш требаше топката да се изведе од под кошот.

Кошаркарот на Парагвај, Алехандро Пералта, ја зема топката и се намести од аут линијата кога оддеднаш му се струполи конструкцијата на кошот.

Веднаш беше интервенирано и му беше укажа медицинска помош, но сепак не можеше да го продолжи натпреварот.

Facebook Коментари