Страшна повреда на Стеф Кари: Денес ќе се знаат резултатите од МР снимката и времето на пауза

Stef Kari povreda

Стеф Кари беше предводникот на Голден Стејт  во победата против Њу Орлеанс  од 115:125, постигнувајќи  31 поен, но, натпреварот го заврши предвреме поради повредата на зглобот на десната нога. Тој во борбата да украде топка, лошо доскокна на десната нога, по што му се изврти зглобот, по што мораше да го напушти теренот и итно да замине на снимање. Резултатите од снимките на рентген беа негативни, по што за денес е предвидено да се подложи на снимка на магнетна резонанца по што, ќе се постави конечната дијагноза и времето кое ќе мора да го паузира.

 

Facebook Коментари