Поврзете се со нас

Англија

Страшна бравура на Парагваецот: Алмирон со еврогол го замолкна „Кревин Котиџ“ (ВИДЕО)

Објавено

на

Добро е познато дека јужноамериканците важат за големи фудбалски мајстори, а токму тоа уште еднаш го видовме на дело на денешниот меч од Премиер лигата меѓу Фулам и Њукасл.

Гостите беа фуриозни и славеа со 4-1, а потегот на мечот, можеби и на сезоната во Премиер лигата или во најмала рака голот на годината кога е во прашање Њукасл го постигна Мигел Алмирон.

Парагваецот доби една висока топка од Гимараеш со тоа што истата спектакуларно ја дочека и со магичен допир ја смести во мрежата на домаќините за молк на „Кревин Котиџ“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни