Поврзете се со нас

Евролига

Страшна атмосфера и победа на Партизан над Макаби (Фото)

Објавено

на

Партизан успеа да го победи Макаби на домашен терен и го мина ривалот од Тел Авив на табелата во Евролигата, откако вечерва во страшна и пеколна атмосфера профитираше од неверојатната поддршка од трибините.

Навивачите на српскиот великан се погрижија за спектакуларна кореографија и атмосфера која го носеше натпреварот само во еден правец, особено во последната четвртина кога се кршеше резултатот.

„Црно-белите“ предводени од искусниот Обрадовиќ ја запишаа четвртата победа на последните пет меча во Евролигата и избија на осмата позиција со победата од 96:88, а исто толку победи (четири) има и Макаби кој со идентичен биланс сега е за српскиот тим на десеттото место.

Израмнетиот дуел се решаваше во последната четвртина, а истата им припадна на расположените домаќини со 27:20 и тоа беше пресудно за нови бодови во европската кошаркарска елита.

На програмата вечерва беа уште три меча во Евролигата, на кои Фенербахче го преслуша Панатинаикос (107:77), Монако беше подобар од Басконија (79:74), а Жалгирус во Каунас славеше над Милано со 71:62.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни