Поврзете се со нас

Европски првенства

Драма во најава: Четири фаворити на иста страна, само еден може да се најде во финалето

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/SEFutbol

Дел од очекуваните и дел од неочекуваните резултати во досегашниот дел на ЕП во Германија донесоа жесток дел од ждребот во кој се наоѓаат четири селекции кои се дел од групата можни кандидати за трофејот на турнирот.

За ваков епилог влијаеше денешниот неуспех на Франција во обидот да ја совлада отпишаната Полска, па со освоеното второ место во групата избраниците на Дидие Дешамп си ја искомплицираа задачата во нокаут фазата.

Сега, во ист дел од ждребот се селекциите на Германија, Шпанија, Португалија и Франција и само еден од нив ќе може да игра во финалето на ЕП.

Шпанија и Германија, односно Франција и Португалија се потенцијални противници во четвртфиналните соочувања, а останува да се види кои селекции дополнително ќе се најдат во овој дел на ждребот по последните рунди во уште три групи.

Ситуацијата може да стане уште покомплицирана, бидејќи во зависност од следните резултати, во ова друштво може да се придружат и Англија и Холандија.

Благодарение на првото место во групата, Австрија си обезбеди полесен пат во нокаут фазата, односно е дел од другата страна каде веќе е формиран првиот пар, односно осминафиналето меѓу Италија и Швајцарија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни