Страшен тенис во Рим доцна по полноќ: Ѓоковиќ беше пред пораз, па се избори за епски пресврт против Дел Потро

novak-vika

Последното четвртфинале во Рим доцнеше еден час поради мечот во женска конкуренција, но оние фанови кои останаа доцна по полноќ на централниот терен на Форо Италико, воопшто не зажалија бидејќи беа сведоци на страшен тенис.

Новак Ѓоковиќ и Хуан Мартин Дел Потро понудија тенис за сите пари, но и фасцинантен трилер од кој на крајот со високо подигната глава си замина светскиот рекет број еден. Популарниот Делпо одигра феноменален меч, ги одби сите напади на Србинот во првиот сет кој го доби со 6:4, додека во вториот беше исклучително блиску до победа во одлучувачките моменти. Вториот сет се одлучуваше во тајбрејкот и Аргентинецот имаше две меч топки при резултат 6:4, но Новак уште еднаш покажа дека е огромен борец, па најпрво ги спаси истите, а потоа го однесе мечот во решавачки сет.

Сосема очекувано, во клучниот сет психолошката предност замина на страна на Ноле, па доволен му беше само еден брејк за да слави со 6:4 и да го комплетира епскиот пресврт против Дел Потро. Двајцата на мрежата се поздравија како вистински џентлмени и си честитаа за брилијантната партија, по која Новак сега треба да размислува на уште еден Аргентинец, Диего Шварцман кој ќе му биде противник во полуфиналето.

Facebook Коментари