Страшен старт на Гигс, Бејл со хет-трик постави историски рекорд (Видео)

giggs-garet

Рајан Гигс денеска го имаше своето деби на клупата на велшката фудбалска репрезентација, а во пресметката со Кина, во прв план се најде главната ѕвезда на тимот, Герет Бејл.

Фудбалерот на Реал Мадрид се погрижи Гигс да има најдобро можно дерби на клупата на Велс, постигнувајќи хет-трик во преубедливата победа од 6:0 над селекцијата на Кина. Со двата гола кои ги постигна во првиот дел, Бејл се израмни со легендарниот Јан Раш на листата на најдобри стрелци во историјата на Велс (28), но со погодокот со кој го комплетираше хет-трикот во вториот дел изби сам на чело на оваа листа и влезе во историјата на фудаблската репрезентација на својата земја.

Facebook Коментари