Свет
Страшен меч во Франција: Шортс и Париз од минус 19 до победа над Монако (ВИДЕО)
Тимот на Париз за кого настапува македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс со пресврт излезе како победник во дерби пресметката со Монако во првата француска лига.
Домаќините имаа двоцифрена негатива по 20 минути игра (49:38), а во третиот период губеа и со 19 разлика, меѓутоа избраниците на Сплитер уште еднаш покажаа, потврдија дека никогаш не се откажуваат и дека се состав со карактер кој се бори до самиот крај.
Тие дојдоа до минус 12 по 30 минути за да во завршниот период со 31:19 се изборат за реми од 92:92, поточно продолжение во кое губеа со 104:99 за да потоа стигне жесток одговор, серија од 12:0 за конечни 111:104.
Хифи и Ворд искомбинираа 48 поени, Шортс пак се разигра кога најмногу требаше и реализираше дабл-дабл од 18 поени и 11 асистенции. Најдобар поединец кај Монако беше Окобо со 27 поени.
Le résumé du choc de la J11 entre @ParisBasketball et @ASMonaco_Basket 📺🍿
Un match de QUA-LI-TÉ 🤩#BetclicELITE @DAZN_FR pic.twitter.com/eC4q99bZZI
— Betclic ELITE (@Betclic_ELITE) December 8, 2024
Ова за Париз беше трета победа во изминатава седмица, сега имаат 9-2 учинок во домашниот шампионат.
-
АТП19 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија17 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Шпанија18 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација20 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Германија21 час
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија18 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…
-
Англија21 час
Бајиндир блескаше, Јунајтед го исфрли Арсенал од ФА Купот (ВИДЕО)
-
Италија16 часа
Проблемите се надминати, Елмас добива нов соиграч од Милан