Германија
Страшен „кам-бек“ за Србинот: Јовиќ го отвори контото во Бундеслигата со два фантастични гола (Видео)

Лука Јовиќ влезе на местото на Дурм во 62-та минута од мечот со Шалке 04 и со тоа беше означен старт на неговата втора етапа во Ајнтрахт Франкфурт, а на српскиот напаѓач потребни му беа само 30 минути за да покаже за каков расен голгетер станува збор кога некој верува во неговите квалитети.
Напаѓачот не успеа да се справи со притисокот во Реал Мадрид и во последно време речиси и воопшто да не добиваше шанса, а иако самиот нагласи дека ќе му биде потребно време за да се врати во форма, вечерва покажа дека тоа може да изгледа и поинаку.
Јовиќ постигна два гола во период од 30-тина минути на теренот и му донесе победа на Ајнтхрахт Франкфурт против Шалке од 3:1, со што на фасцинантен начин го одбележа своето второ деби за клубот обоено во „црвено-црно“.
Лука влезе во 62-та минута, десет минути подоцна погоди за 2:1 по асистенција на сонародникот Филип Костиќ, а во судиското продолжение ги постави конечните 3:1 со гол во манир на врвен стрелец, исто така по додавање на Србинот Костиќ.

- Светпред 20 часа
Венгер: Не сме свесни каков играч имаме во Франција, истата грешка ја направивме со Платини, Зидан и Анри
- Светпред 23 часа
Кејлор Навас: Секогаш ќе им бидам благодарен на фановите на Реал Мадрид, но не и на…….
- Англијапред 22 часа
Фердинанд за денот кога го „уништил“ Руд: Ќе се степав со Ван Нистелрој поради Роналдо!
- Шпанијапред 19 часа
Дренте откри како Рамос го имитирал Кристијано на тренинзите на Реал (Видео)
- Италијапред 21 час
Буфон обелодени како му се обраќа на Пирло пред останатите соиграчи во Јувентус
- Англијапред 19 часа
Новата ѕвезда на Гвардиола: Викенд од соништата за мене беше кога ги гледав Фердинанд и Видиќ на телевизија
- Германијапред 24 часа
Страшната контра донесе нов моќен спринт: Несопирливиот Халанд претрча 95 метри за 12 секунди (Видео)
- Репрезентацијапред 23 часа
Антиќ: Не размислувам за оставка, не играме ние на теренот!