Страшен инцидент во Мото ГП: Зарко спаси жива глава откако беше „покосен“ од моторот на дебитантот (Видео)

zarko-lekuona

Со трката за Големата награда на Шпанија се спушти завеса на уште една сезона во Мото ГП, а трката во Валенсија дефинитивно ќе се памети по победата на Марк Маркез кој оствари историја со најмногу освоени бодови во една година, како и по прошталната епизода на Хорхе Лоренцо во мотоциклизмот.

Сепак, последната трка за оваа сезона ни донесе и еден страшен момент кога никој не очекуваше, бидејќи Жоан Зарко за чудо мина неповреден по еден страшен инцидент кој се случи на шестата кривина на патеката. Во период од 20 секунди дури тројца возачи паднаа на исто место, но најдебелиот крај го извлече Зарко кој падна втор по Данило Петручи.

Откако падна со својот мотор, Зарко не очекуваше дека на уште еден ќе му се случи истото, но дебитантнот Икер Лекуона загуби контрола над својот мотор, а потоа истиот буквално го „собра“ Французинот кој падна на врат. Лекуона експресно му пријде на Зарко, а вистинска среќа е што францускиот возач мина без никаква повреда во дадената ситуација.

Facebook Коментари