Поврзете се со нас

Англија

Странски судија првпат ќе дели правда на дуел од англиската Премиер лига

Објавено

на

Натпреварот меѓу Вотфорд и Њукасл ќе влезе во историјата на англиската Премиер лига како прв кој бил суден од странски судија.

Честа да ја води оваа средба ја доби Австралиецот Џаред Гилет, кој подолго време е дел од англиската судиска програма, но сега ќе дебитира во елитата.

34-годишниот фудбалски арбитар девет години делеш правда во најсилната австралиска лига, а во 2019 година реши да се пресели во Англија и продолжи да работи под водство на судиската федерација во оваа земја.

Изминатите сезони Гилет судеше натпревари во Чемпионшип, Лига 1 и Лига 2, за пред оваа сезона да биде префрлен во најелитната група судии.

Дербито меѓу Челси и Манчестер Сити ќе го суди Мајкл Оливер, додека Мајк Дин ќе биде главен судија на дуелот Манчестер Јунајтед-Астон Вила.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни