Италија
Страмачони го нападна Инѕаги: Нема потреба од барање алиби

Симоне Инѕаги одби да прави техничка анализа на дербито против Јувентус и главен фокус стави на контроверзниот момент од првото полувреме, посочувајќи дека Интер бил ограбен на „Џузепе Меаца“ при првиот и единствен гол на средбата против тимот од Торино.
Поплаките од тренерот на Интер само ја продолжија дебатата во италијанската јавност која започна уште на полувреме, но има и такви кои го гледаат дербито и од поинаков агол, а еден од нив е Андреа Страмачони.
Поранешниот тренер на Интер го нападна Инѕаги за своето обраќање по дербито и му порача повеќе да се фокусира на играта која ја имаше неговиот тим, наместо да бара алиби за поразот во кој домашниот тим беше навистина скромен.
– Не може да барате оправдување за ваков пораз поради хипотетичко играње со рака во 30-та минута од првото полувреме. Тоа е како да си барате алиби. Зарем Кифи четири минути ќе ја прегледуваше акцијата на мониторот. Одлуката ја донесе некој од ВАР собата, а не Кифи.
– Историјата на фудбалот не научила дека за време на фудбалски меч, може да имате негативни епизоди. Тоа се случувало и ќе се случува, но вие не може да престанте да играте после тоа. Ова беше лош пораз и тоа е она за што треба да се зборува. Следат 15 дена во кои ќе има негативна атмосфера во Интер и ќе биде тешко да се изменаџира овој период, – смета Страмачони.
-
Англијапред 20 часа
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 17 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 22 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
АТПпред 9 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
Светпред 21 час
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 19 часа
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 20 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 12 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)