Поврзете се со нас

Лига Европа

Стракоша се посрамоти и со бизарен автогол му подари победа на Галатасарај (Видео)

Објавено

на

Лацио загуби на гостувањето кај Галатасарај во Лига Европа, а единствениот гол всушност беше бизарен автогол на гостинскиот голман Томас Стракоша.

Албанскиот голман се посрамоти во 67. минута, кога со една несмасна интервенција, рутинското собирање на топката го претвори во гол за Галатасарај.

Избраниците на Маурицио Сари до крајот не успеаја да израмнат, а за Лацио ова е втор пораз по ред, откако во домашното првенство загуби од Милан.

По првото коло во Лига Европа, Лацио е на дното во групата, додека Олимпик Марсеј и Локомотив Москва освоија по еден бод со меѓусебното реми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни