Поврзете се со нас

Англија

Страхан за играчот на Арсенал кој има менталитет како Ван Дајк: Тој е храбар, знае да намириса опасност…

Објавено

на

Некогашниот селектор на Шкотска и фудбалска легенда на оваа земја, Гордон Страхан издвои еден играч на Арсенал кој може да се спореди со дефанзивецот на Ливерпул, Вирџил Ван Дајк.

Според Страхан кој долги години е во фудбалот Киран Тирни е играч на кој треба да се внимава, играч кој има луд менталитет, играч кој сака да напредува и соочува со секој противник.

-Тој го има она што јас го нарекувам лудачки менталитет и тоа го мислам на добар начин. Тој беше како Скот Браун во Селтик. Станува ладно во Глазгов, а тие двајца можат да шетаат само со маички. Киеран има пристап од прва класа. Слуша и собира информации, слуша што им кажуваш и на другите играчи, така што тој ги разбира и нивните улоги.

-Тој е паметен и може да помириса опасност, исто како што Ван Дајк во право Ливерпул. Тој сè уште не е во таа класа, но има сличности. Се подржува себеси, тој е храбар. Многу бекови или стопери на пример не ги притискаа крилата. Среќни се со тоа да им дозволат центаршут. На тој начин нема да бидат победени или посрамотени.

-Киран нема тоа да го направи. Ќе отиде таму и ќе каже, ако сакаш да центрираш, ќе мора прво да ме минеш, -вели Стархан за „Дејли Мејл“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни