Англија
Стоунс обелодени каква сериозна порака имал Пеп за играчите на Сити по поразот од Реал

Огорченото лице на Пеп Гвардиола беше најдобар приказ за тоа како се чувствува шпанскиот стручњак по двата примени гола од Реал Мадрид во самата завршница, финиш на мечот кој направи англискиот првак сега да има навистина мали шанси за пласман во осминафиналето.
Англискиот тим на двапати водеше и предноста од 2:1 ја имаше до 86-та минута, но головите на Дијаз и Белингам им ги скршија срцата на навивачите на Сити, но и на самите играчи кои едноставно се далеку од посакуваната форма.
Џон Стоунс е еден од играчите кои се појави пред новинарите по болниот пораз од 2:3, а всушност се покажа и како играчот која ја сподели сериозната порака која им ја пренел Гвардиола.
– Не знам кои се правилните зборови за изговарање после ваков пораз. Ова е тешко и фрустрирачки за сите нас, бидејќи имавме позитива до самата завршница. Водевме и бевме во игра, а потоа во две ситуации примивме два гола.
– Чувствуваме бес и фрустрација во овој момент, дефинитиво мора подобро да ги менаџираме овие фази од натпреварот. Менаџерот ни порача дека треба да преземеме одговорност за тоа што го правиме на теренот, и навистина треба да го направиме тоа. Мора да истапиме во овие тешки моменти.
– Имавме голема можност да отпатуваме на „Бернабеу“ со предност од 2:1, но сега ќе бркаме резултат. Според мене, се уште не е готово, мора да останеме позитивни, иако изгледа навистина тешко во овој момент. Како што ни кажа менаџерот после натпреварот, мора да се погледнеме во очи и да преземеме одговорност, – порача Стоунс.
-
Формула 115 часа
Хаос во Австралија, Норис ги издржа предизвиците
-
Италија24 часа
Фабрегас го подбра Деле Али: Таква грешка од играч…(ВИДЕО)
-
Шпанија12 часа
Мбапе со подобар ефект од Роналдо во првата сезона, пред себе има уште само три легенди на Реал
-
Шпанија14 часа
Арда се обиде да постигне гол од тешка позиција, Мбапе не го криеше бесот од потегот на соиграчот (Видео)
-
Македонија11 часа
Шкупи објави дека Лазаров не е во животна опасност, но заработил повреди во пожарот во Кочани
-
Македонија9 часа
Шкупи со траорно соопштение: Лазаров починал во обид да им помогне на повредените во пожарот (Фото)
-
Европски првенства10 часа
ЕХФ не дозволи одложување на натпреварот против Словенија во Копер (Фото)
-
Формула 110 часа
Стјуардите ја повлекоа казната и го разубавеа дебито од соништата за Антонели (Фото)