Стотката е се поблиску: Федерер го „испука“ Раониќ и го освои турнирот во Штутгарт (Видео)

federer

Швајцарскиот ас, Рожер Федерер е се поблиску до 100. АТП пехар во својата кариера и тоа откако денеска успеа успешно да ја заврши приказната на турнирот во Штутгарт.

Ветеранот славеше на популарниот Мерцедес Куп над седмиот носител Милош Раониќ со 2-0 во сетови 6-4, 7-6(3) и на тој начин го заокружи кам-бекот на терените по одлуката да ја пропушти целата сезона на земја. Ова за Федекс беше трета титула во сезоната, 18 на трева или севкупно 98 во кариерата.

-Навистина сум среќен. Мислам дека беше добро финале од моја страна. Мислам дека играв добро низ целиот турнир со оглед на тоа што долго време не бев активен. Ова е одличен кам-бек за мене. Среќен сум што конечно победив овде во Штутгарт, -рече Федерер кој од утре ја презема првата позиција на АТП листата.

Facebook Коментари