Поврзете се со нас

Свет

Стотина фанови на Панатинаикос го нападнале домот на сопственикот на клубот (ВИДЕО)

Објавено

на

Контроверзниот сопственик на кошаркарскиот клуб Панатинаикос, Димитрис Јанакопулос, бил цел на радикална група навивачи кои решиле да го нападнат во неговиот дом, – пренесуваат грчките медиуми.

Првичните информации велат дека куќата на Јанакопулос барем одреден период била под опсада на стотина навивачи кои фрлале со камења и други предмети кон внатрешноста, иако за среќа не успеале да ја минат заштитната ограда.

Полицијата брзо пристигнала на локацијата, по што агресивните фанови се разбегале со моторциклите со кои пристигнале пред куќата на сопственикот на клубот.

Веројатно се работи за жестока и радикална реакција на вчерашната најава на сопственикот на клубот дека го продава ПАО и тоа за 25 милиони евра, најава која Јанакопулос ја даде на вчерашната прес-конференција.

Фамилијата Јанакопулос неколку децении раководи со кошаркарскиот клуб од Атина, а актуелниот претседател постојано беше во конфликтна ситуација со Евролигата и нејзините челници.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни