Англија
Стоперот на Тотенхем го впери прстот кон газда Леви: Се надевам дека ќе сфатат каде е проблемот
Тотенхем забележа само една победа на последните седум натпревари и влезе во серија на резултати кои негативно се одразија врз Анге Постекоглу, особено поради фактот што навивачите на клубот почнаа да ја губат довербата во предводникот на тимот.
Постекоглу ги доби првите свирежи и навреди од фановите од Северен Лондон, но еден од првите кои застана во одбрана на менаџерот е искусниот аргентински стопер, Кристијан Ромеро.
Дефанзивецот на Тотенхем смета дека прстот треба да биде вперен кон првиот човек на клубот, бидејќи според него, тимот не може да напредува ако газда Даниел Леви не планира да ги израмни финансиските стандарди кои ги поставија клубови како Сити и Челси.
– Најчесто не се коментира на оваа тема, но вистината е дека мора да се следи трендот на останатите. Манчестер Сити се натпреварува секоја година, се гледа дека и Ливерпул го засилува тимот. Челси секој преоден рок го засилува тимот, а ако не испадне добро, повторно се засилува и сега ги гледаме нивните резултати.
– Тоа се работите кои треба да ги имитираме, треба да имаме поширок ростер на играчи. Мора да се сфати дека грешиме во некои поглед, се надевам дека брзо ќе го разберат тоа. Во последните години секогаш се случува истото. На прво место се обвинуваат играчите, потоа се менува стручниот штаб, а секогаш одговорноста е на друго место. Се надевам дека во најбрзо можно време ќе го разберат тоа, – потенцира Ромеро.
-
Англија22 часа
Манчестер Јунајтед го договорил првото засилување во ерата на Аморим
-
АТП16 часа
Мари: Ѓоковиќ може да биде најдобар спортист на сите времиња, ако…
-
Шпанија15 часа
Шоу на каталонците во Џеда: Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија (ВИДЕО)
-
Репрезентација17 часа
Македонија со победа ги заокружи подготовките за настапот на СП
-
Шпанија14 часа
Пике во свој стил го „поздрави“ Касилјас по „петардата“ на Барселона против Реал (ВИДЕО)
-
Македонија24 часа
Вардар се откажа од својот капитен, но и од искусниот Брдаровски
-
Германија18 часа
Шешко со „проектил“ ја „искина“ мрежата на Вердер (ВИДЕО)
-
Англија15 часа
Артета со прва информација за повредата на Жезус: Не изгледа добро…