Поврзете се со нас

Англија

Стоперот на Пеп се надополни за Халанд: Ви реков дека е проклето брз….. (Видео)

Објавено

на

Ајмерик Лапорт не можеше да игра на стартот на новата сезона во Премиер лигата поради повреда, но тоа не значи дека не ги гледал своите соиграчи на гостувањето во Лондон.

Французинот кој игра за шпанската фудбалска репрезентација се очекува доста брзо да се врати на терените, но во негово отсуство, Ерлинг Халанд веќе ги постигна првите два гола во Премиер лигата.

Норвежанецот двапати стрелаше во победата над Вест Хем, а Лапорт самиот направи популарен да стане еден негов твит од првиот ден кога Ерлинг потпиша за Сити.

Тогаш Лапорт порача дека е „среќен што нема да мора да трча по Халанд наредните неколку години“, а сега ја надополни својата објава откако Ерлинг ја презентираше својата брзина на дебито во Премиер лигата.

– Сега разбирате зошто. Овој човек е проклето брз…..

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни