Франција
Стоперот на Марсеј без влакна на јазикот: Лесно е да се справите со неинтелигентна личност како Нејмар! (Видео)

Дефанзивецот Алваро и Нејмар понудија нова непријатна и невкусна епизода на еден фудаблски терен, а препукувањата ги продолжија и на социјалните мрежи каде имаше ниски провокации и дрски одговори.
Стоперот на Марсеј во три наврати го фаулираше Бразилецот на вчерашното финале во Супекупот и овој му се реваншираше со провокација за време на прославата на голот од пенал, но го поздрави и на Твитер со објавата за освоениот трофеј.
Алваро не се штедеше и посочи дека неговите родители добро го научиле како да се справува со „ѓубрето“, а во текот на денот, се појави и ексклузивното видео кое го одработил за шпанската емисија „Чирингито“.
Фудбалерот на поразениот тим во финалето во видеото открива дека добил провокации од Нејмар и за време на доделувањето на медалите и Бразилецот го барал со поглед за време на церемонијата, па Алваро си даде за право да го нарече Бразилецот крајно неинтелигентна личност.
– По крајот на мечот, продолжија провокациите. Секој остава своја слика за себе со своите постапки. За време на доделувањето на медалите, продолжи по својот пат и со своите провокации, а потоа имаше и твит и одговор од мене. Кога за противник имате далеку понеинтелигентна личност од вас, многу лесно се справувате со него, во сите сфери во животот, – порача Алваро.

- Светпред 20 часа
Венгер: Не сме свесни каков играч имаме во Франција, истата грешка ја направивме со Платини, Зидан и Анри
- Светпред 23 часа
Кејлор Навас: Секогаш ќе им бидам благодарен на фановите на Реал Мадрид, но не и на…….
- Англијапред 22 часа
Фердинанд за денот кога го „уништил“ Руд: Ќе се степав со Ван Нистелрој поради Роналдо!
- Шпанијапред 19 часа
Дренте откри како Рамос го имитирал Кристијано на тренинзите на Реал (Видео)
- Италијапред 21 час
Буфон обелодени како му се обраќа на Пирло пред останатите соиграчи во Јувентус
- Англијапред 19 часа
Новата ѕвезда на Гвардиола: Викенд од соништата за мене беше кога ги гледав Фердинанд и Видиќ на телевизија
- Германијапред 24 часа
Страшната контра донесе нов моќен спринт: Несопирливиот Халанд претрча 95 метри за 12 секунди (Видео)
- Репрезентацијапред 23 часа
Антиќ: Не размислувам за оставка, не играме ние на теренот!