Поврзете се со нас

Франција

Стоперот на Лил за инцидентот со Нејмар: Ми ја фрли лентата во лице, мора да…(ВИДЕО)

Објавено

на

Дербито во Лига 1 меѓу Пари Сен Жермен и Лил заврши со победа на гостите од 1-0 во меч во кој двете екипи останаа со играч помалку откако во завршицата дуел имаа Нејмар и Тиаго Џало.

Меѓутоа нивната препирка не заврши на теренот и на патот до соблекувалните лесно можеше да дојде до физичка пресметка, поточно истата ја спречија луѓето кои беа меѓу Бразилецот и Португалецот. Стоперот на Лил се одлучи да ја раскаже својата приказна за „А Бола“ и притоа посочи дека напаѓачот не покажал почит кон него, па дури и фрлил лента кон неговото лице.

-Во тунелот накај соблекувалната, тој ми рече работи што ги игнорирав. Тој дури ми фрли лента [што е завиткана околу зглобовите на играчите] во моето лице. Што рече тој? Не знам, но тоа не беа добри работи. Тоа е дел од играта, но тоа е она што му недостасува на Нејмар, малку повеќе почит. Нејмар треба да има поголема почит.

-Медиумите? Тие имаат дел од одговорноста. Тие секогаш завршуваат со фаворизирање на најактуелните медиумски играчи кои секогаш се позаштитени, -вели 20-годишниот Џало.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни