Англија
Стоперот на Гвардиола се заканува: Ова стана лудо, може ќе се пензионирам на 30 години!
Пеп Гвардиола со години наназад испорачува серија поплаки за презгуснатиот расоред и лошите потези кои ги влечат ФИФА и УЕФА, но сега се поголема поддршка добива и од играчите кои се дел од неговиот тим.
По Кевин Де Брујне, сега со јавен рафал против новите идеи на двете најважни тела во фудбалот излезе и Мануел Аканџи, кој во дадената ситуација посебно се задржа на новиот формат во Лигата на шампиони.
– Ова станува се потешко и покомплицирано, со еден збор, ова станува лудо. Лигата на шампионите стана покомплексна, досега имавме по шест меча во група, сега ќе имаме најмалку осум. Ако играте бараж, тоа значи дека ќе имате 10 меча до нокаут фазата. Стариот формат беше подобар од овој.
– Во еден момент мора да почне да се мисли на играчите. Од толку замор, се почесто гледаме и тешки повреди. Тренираме напорно за да издржиме, но мора да постои граница на лудилото кое се наметнува.
– По завршувањето на една сезона, почнавме да мислиме како ќе ја почнеме следната. Речиси да немаме одмор, мора да се откажат некои натпреварувања. Не може само да се додаваат натпревари и да се надевате дека се ќе остане исто. Во вакви услови, можеби ќе се пензионирам на 30 години, – со доза на иронија вели 29-годишниот Швајцарец.
-
Свет8 часа
Роналдо се сретна со Шчесни и привлече внимание со коментарот кој му го даде за трансферот во Барса (Видео)
-
Свет15 часа
Гвардиола за најголемиот фудбалер на сите времиња: Никогаш не сум видел некој како него…
-
Лига на нации17 часа
Кин за англиската ѕвезда: Не можам да поверувам колку е лош, подобри тимови…
-
АТП18 часа
Ѓоковиќ не беше задоволен од реакцијата на своите блиски соработници кои сега се во тимот на Синер (Видео)
-
Лига на нации12 часа
Норвешка потопена, Халанд на „тапет“: Знаев дека ќе побегне…(ВИДЕО)
-
Италија17 часа
Бонучи го „избриша“ Милан од трката за Скудетото: За титулата ќе се борат…
-
Шпанија16 часа
Јамал се огласи и испрати порака по повредата која ја заработи против Данска
-
НБА15 часа
Јокиќ трчаше, Вестбрук му мереше време: Многу си брз (ВИДЕО)