Поврзете се со нас

Англија

Стоперот на Гвардиола: Помошникот на Артета бараше од Раја намерно да се фрла на земја

Објавено

на

Foto:x.com/ManCity

Дербито на „Итихад“ понуди возбудувања и тензии како за три натпревари во текот на драматичните 90 минути, а емоциите не стивнаа и по последниот судиски свиреж на судијта Мајкл Оливер.

Манчестер Сити израмни со гол во самата завршница и избегна пораз од Арсенал со голот на Џон Стоунс (2:2), но двата тима излегоа со свои заклучоци за случувањата на натпреварот и истите целосно се разликуваат.

Играчите на Арсенал се убедени дека биле сериозно оштетени од Тејлор кој му покажа црвен картон на Леандро Тросар, додека домашните фудбалери испорачаа низа критики за валканите игри на „топчиите“, односно губењето на време и намерните прекини на играта.

По Стоунс и Бернардо Силва, со жестока критика на оваа тема се јави и Мануел Аканџи, кој пак долови и еден пример од теренот од завршницата на мечот.

– Арсенал дојде на натпреварот да губи време и на крајот го добија тоа што го сакаа. Сакаа драма и на крајот добија драма. Ги затворија вратите до својот гол, се бранеа со 11 играчи, а потоа на прекини се обидуваа да постигнат гол. Навистина им успеа оваа тактика, а добро за нас е што постигнавме гол. Тие се среќни со освоениот бод, но ние не. Сакавме да добиеме повеќе, а тие го остварија она по кое дојдоа.

– Во Арсенал станаа мајсторија за валкани игри, но титулата секогаш завршува кај нас и мислам дека нема да биде поинаку и оваа година. За жал, ние не можеме да ги контролираме овие работи, не можеме да контролираме кога противникот сака да троши и да краде време, тоа треба да го спречи судијата. Еден од помошниците на Артета бараше од Раја да се фрла на земја и да падне без потреба. Тие паѓаа на земја, спринтаа и повторно паѓаа на земја. Нависитна не можеме да направиме ништо за да го промениме таквиот пристап на противникот, – вели Аканџи.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни