Поврзете се со нас

Лига Европа

Стоперот на Фенербахче направи аматерска грешка, Мурињо го извади од игра уште на полувреме (Видео)

Објавено

на

Foto:x.com/Fenerbahce

Фенербахче забележа втор пораз во Лига Европа оваа сезона, а овој на домашен терен од Атлетик Билбао дефинитивно ги налути навивачите на турскиот великан.

Причина за тоа е аматерската грешка која ја направи стартерот во срцето на одбраната, по што следеа бесни крици од навивачите и свирежи за Самет Акајдин.

Стоперот не прави првпат ваква аматерска грешка со подарен гол за противникот, па поради тоа наиде на непријатни моменти на домашен терен, што всушност изнуди и реакција од Жозе Мурињо.

Иако Португалецот му даваше поддршка во прв момент, бурната атмосфера од трибините го натера да направи промена на паузата, па така го извади Акајдин од игра уште на полувреме.

По поразот од 0:2 со двата гола на Ињаки Вилијамс, Жозе морал да им одговара на турските новинари за непријатните моменти кои ги доживеа стоперот, а како што вели самиот, го извадил од игра за да го заштити од понатамошно понижување.

– Како тренер морав да го заштитам Самет и затоа не му дозволив да игра во вториот дел. Морав да го заштитам Самет, морав да го заштитам тимот, но и атмосферата на стадионот, – изјави Мурињо.

Видеото погледнете го ТУКА

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни