Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Стоперот на Феенорд обелодени со која тактика го неутрализирал Хименес

Објавено

на

Foto:x.com/Feyenoord

Сантијаго Хименес направи трансфер од Феенорд во Милан во завршницата од зимскиот преоден рок, но судбината сакаше многу брзо да се врати во Ротердам, и тоа како ривал на својот доскорашен клуб.

Плејофот во Лигата на шампиони донесе пресметка меѓу холандскиот и италијански великан, па Хименес вчера беше стартер во тимот на Сержо Консеисао кој истрча на „Де Кујп“.

Милан не успеа да ја пробие дисциплинираната одбрана на Феенорд и се врати во Италија со негатива од 1:0, а еден од најдобрите на теренот беше словачкиот одбранбен фудбалер, Давид Ханцко.

Стоперот на Феенорд открива дека добро знаел со каква тактика треба да му се спротивстави на својот доскорашен соиграч, па со оглед на резултатот, истата максимално вроди со плод.

– Го маркирав Хименес цело време, постојано бев до него бидејќи знам дека не сака така да биде чуван. Играв фластер на него, а заедно со соиграчите завршивме одлична работа. Блокиравме се што одеше кон нашиот гол и успеавме да одолееме.

– Одигравме фантастичен меч, се подготвивме добро како тим и бевме добри во одбрана, но и опасни во напад. Навивачите беа фантастични, но ќе биде потребно да го потвориме ова и следната недела, – изјавил Ханцко за УЕФА.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни