Стоперот на Бурнмаут откри каков хорор доживеал по жестокиот инцидент со Ибрахимовиќ

mings-ibra

Тајрон Мингс се најде во виорот на англиската спортска јавност кога минатата година имаше еден жесток инцидент на теренот со Златан Ибрахимовиќ, по кој тој го извлече подебелиот крај бидејќи беше суспендиран со дури пет натпрвари казна од страна на ФА.

Стоперот на Бурнмаут тогаш го провоцираше Ибрахимовиќ и намерно го згазна со крампоните, а иако доби одговор од страна на Ибра кој го удри со лакт, дисциплинската комисија на ФА одлучи неговата казна да биде значајно поголема од онаа на напаѓачот на Манчестер Јунајтед.

Речиси една година по непријатниот инцидент на теренот, Минг одлучи да проговори за оваа ситуација, но навистина ја шокираше јавноста откако откри со каков хорор се соочил во изминативе десетина месеци.

– Добив илјадници пораки по тој инцидент. Илјадници, илјадници пораки на Инстаграм, Твитер, Фејсбук, па дури и приватни пораки. Добивав навреди на лична основа, со навредлив јазик. Ти си ова, ти си она, ми се закануваа и за членови на моето семејство. Најлесно е да се таргетираат луѓе на социјалните мрежи и лошо е тоа што не може да се контролираат вакви работи. Повеќе не ме изненандува тоа што луѓето ме нарекуваат црнец, веќе отрпнав и се навикнав на навредите. Патетичните пораки станаа секојдневние, но најмногу ме болеше тоа што и мојата мајка ги читаше коментарите. Мене не ме повредуваа, но мојата мајка беше навистина повредена. Жалам за тоа, особено поради фактот што некои луѓе се само гласни преку социјалните мрежи, – открива Мингс.

Facebook Коментари