Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Стоперот на Атлетико ги „поздрави“ навивачите на Реал: Се чувствував како да играме дома

Објавено

на

Foto:x.com/Atleti

Хосе Хименес доби предност пред Ле Норман од Диего Симеоне и вчера водеше жестока битка со напаѓачите на Реал Мадрид, но сепак во два наврати мораше да гледа како Родриго и Брахим режираат мајстории за мала предност на „кралевите“ пред реваншот на „Метрополитано“.

Стоперот на Атлетико доби преодна оценка за изданието кое го имаше на „Бернабеу“, па и покрај поразот, тој веќе со мислите е насочен кон она што следи, односно возвратниот дуел пред преполн стадион со навивачи на Атлетико.

Хименес е убеден дека Атлетико може да направи превсрт со поддршка од своите навивачи, на кои им испрати и специјална порака со која истовремено ги истрола фановите на Реал.

– Сакам да им се заблагодарам на нашите навивачи за тоа што направија за нас, изгледаше како да играме на домашен терен. Тие се слушаа цело време, беа погласни од домашните навивачи и знаеме дека тие ќе ни бидат потребни на реваншот. Со нивна поддршка, можеме да направиме се, – посочи Хименес.

– Со топката во нозе, сметам дека бевме целосно супериорни во однос на Реал, но сепак тие ја имаат таа класа, тој квалитет да постигнат гол од малку шанси. Го контролиравме мечот со 1:1, потоа натпреварот се сврте на нивна страна, – заврши стоперот на Атлетико.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни