Поврзете се со нас

Англија

Стоперот на Артета открива: Шчесни не може да ги гледа натпреварите на Арсенал поради голем стрес!

Објавено

на

Foto:twitter.com/Arsenal

Арсенал го искористи ремито на Манчестер Сити и Ливерпул и се искачи на првото место на табелата во Премиер лигата, а тоа значи дека дербито против актуелниот шампин ќе го дочека како лидер и првопласиран тим.

„Топчиите“ втора година по ред се во сериозна битка за титулата и се обидуваат да стават крај на постот кој трае точно 20 години, но за некои поранешни играчи на Арсенал тоа е до толку стресно, што воопшто не ги гледаат натпреварите.

Војчех Шчесни мина 11 години во Северен Лондон и беше прв голман на Арсенал пред да се пресели во Италија, а актуелниот голман на Јувентус му открил на Јакуб Кивиор дека нема нерви да ги гледа натпреварите на неговиот омилен тим во Англија.

– Кога пристигнав во репрезентацијата и го сретнав Шчесни, тој само побара од мене да победиме оваа година. Ме моли да стигнеме до триумф во Премиер лигата.

– Ми откри дека не може да ги гледа натпреварите на Арсенал бидејќи тоа е премногу стресно за него, – открива Кивиор кој во последно време се истакна како незаменлив во стартната постава на Артета, и тоа на позиција како лев бек.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни