Поврзете се со нас

Англија

Стоперот на Арсенал им се налути на фановите: Како може да бидете толку неблагодарни (Фото)

Објавено

на

Еди Нкетија во текот на вчерашниот ден стави потпис на нов договор како резултат на импресивните изданија во вториот дел од сезоната, но фактот што клубот реши да му го даде дресот со бројот на најдобриот голгетер во историјата, тоа донесе и многу измешани реакции на социјалните мрежи.

Голем број од навивачите на Арсенал се потсмеваа со одлуката на клубот да го наградат Нкетија со дресот на неповторливиот Тјери Анри, односно врачувањето на „14-та“ донесе доста негативни коментари со доза на сеир.

Дел од фан базата смета дека Нкетија се уште не е достоен да го носи тој број и не заслужил да го добие толку рано, а ваквото расмислување беше оценето како неблагодарно од стандардниот стопер во првиот тим на Артета, Бразилецот Габриел.

– Како можете да бидете толку наблагодарни? Боже мој…., – порача Габриел, а се јави и легендарниот Јан Рајт.

– Какво значење има бројот? Зошто не молчите ако немате да кажете нешто убаво за нашите играчи? Не може да се наречете навивач на Арсенал и да бидете толку негативен. Дали ќе му го кажете тоа во живо на Нкетија? Најдобро е да замолчите, – порача Рајт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни