Лига на шампиони
Стоперот кој воодушеви на дебито за Барселона: Луѓето знаат колку страдав за да дојдам до овде (BИДЕО)
Роналд Куман ги измеша картите за дуелот на Барселона со Динамо Киев во Лигата на шампионите, но без разлика на тоа каталонците успешно го решија ова гостување и славеа со 4-0 со одлична игра во второто полувреме.
Неколку играчи го имаат првиот старт за екипата во оваа сезона, но и неколку играчи дебитираа за Барселона. Во таа група беше дефанзивецот Оскар Мингеза кој доби шанса од првата минута на местото на повредениот Жерард Пике, поточно покрај Клеман Ленгле.
Токму Мингеза остави одличен впечаток, одигра квалитетни 90 минути со што покажа дека може да биде опција за Барселона и Куман во овој тежок период за клубот кога стоперската линија е проблематична. 21-годишниот Оскар кој е продукт на школата на шпанскиот великан беше среќен поради добиената шанса да го оствари сонот и заигра за првата екипа.
-Многу сум среќен што по многу години и поради се што претрпев за да играм овде. Сон е да се дебитира во ЛШ во најдобриот клуб на светот, -рече Мингеза кој објасни како се чувствувал пред натпреварот.
-Цела недела се прашував дали ќе играм или не и кога дознав бев многу среќен. Бев малку нервозен и помислив на моето семејство, мојата девојка и луѓето кои знаат колку страдав и работата која ја вложив за да дојдам до оваа точка.
-Се надевам дека ова е почеток на нешто големо. Играв добро, не остававме простор, тимот веднаш се вклучуваше кога ќе ја загубеше топката. Со ритамот со кој игравме, тие се заморија. Игравме добро со и без топка, -порача дефанзивецот за „Барса ТВ“.
-
Англијапред 21 час
Ливерпул го обезбедил и второто засилување во новиот преоден рок
-
АТПпред 11 часа
Ѓоковиќ откри што му кажал на Алкарас: Видов дека се мачи…
-
АТПпред 19 часа
Надал го најави полуфиналето на Ролан Гарос: Алкарас е во подобра форма, но Ѓоковиќ…
-
Шпанијапред 24 часа
Анчелоти избрал замена за Бензема, Флорентино не дава зелено светло за трансферот
-
Светпред 23 часа
Суарез го коментирал можното реактивирање на тандемот со Меси во Интер Мајами
-
Германијапред 21 час
Баерн Минхен го промовираше првото летно засилување
-
Францијапред 22 часа
ПСЖ има нова стратегија, ќе ангажира дури седум фудбалери под исти услови
-
АТПпред 14 часа
Алкарас го имаше поенот на годината, Ѓоковиќ не можеше да поверува (ВИДЕО)