Поврзете се со нас

Франција

Стоперот кој не доби вистинска шанса на „Камп Ноу“ не исклучува враќање во Барселона: Зошто да не……

Објавено

на

Foto:twitter.com/ogcnice

Жан Клер Тодибо почна да ги прикажува сите свои квалитети како член на Ница и важи за еден од најдобрите дефанзивци во Лига 1, факт што секако му носи и интересни опции за понатамошен развој на кариерата.

Младиот 24-годишен Французин успеа да се прилагоди во Ница и во последно време е сериозна трансфер мета на Манчестер Јунајтед и Тотенхем, но запрашан за тоа дали би и дал втора шанса на Барселона, Тодибо дал интересен одговор.

Тодибо како млад 19-годишен фудбалер пристигна во Барса во 2019-та година и уште тогаш беше најавуван како еден од најголемите таленти во Европа, меѓутоа тој не дочека вистинска шанса на „Камп Ноу“ и својата шанса ја побара далеку од каталонскиот гигант.

Три години по неговото заминување, Тодибо е комплетно друг играч и високо котира на трансфер пазарот, па новинарот на „Канал Плус“ го прашал дали некогаш повторно би заиграл за Барселона.

– Враќање во Барселона? Зошто да не?, – кратко одговорил Тодибо кој има договор со Ница до 2027-ма година, но мала е веројатноста дека ќе го одработи истиот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни