Поврзете се со нас

Шпанија

Стоперот кој направи трансфер изминатово лето се враќа на „Камп Ноу“: Чудно е што се случува со капитените

Објавено

на

Барселона се ослободи од голем број играчи изминатово лето, а еден од нив беше и Оскар Мингеза кој направи директен трансфер во Селта Виго за 3 милиони евра.

Претстојниов викенд, младиот стопер се враќа на „Камп Ноу“ како противник бидејќи Селта ќе и гостува на Барселона како дел од осмото коло, но пред дуелот, Мингеза направи мала анализа за поранешниот тим и нагласи дека е посебно изненаден од ситуацијата со која се соочуваат двајцата капитени Жорди Алба и Пике.

Стандардните стартери од минатите сезони сега се резерви во замислите на Чави и нивното дружење на клупа не е она на кое навикнаа фановите, а таков е случајот и со Мингеза.

– Чудно е тоа што се случува со капитените, бидејќи после толку години, необично е да ги гледате на клупа. Покрај тоа, минатата сезона тие беа оние кои излегуваа и се жртвуваат за тимот и најчесто играа добро. Сега се работи за ситуација во која јас не можам да имам никакво влијание, одлуката е на тренерот.

– Ја гледам Барселона и може да се каже дека последниот меч против Интер не беше најдобар за нив. И покрај тоа, со индивидуалниот квалитет создадоа шанси, а тоа што се случи на крајот беше за неверување. Раката на Дамфрис беше очигледна и не можев да поверувам дека нема да има пенал, – открива Мингеза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни