Поврзете се со нас

Англија

Стоперот кој мина две сезони во Ливерпул: Клоп и Милнер за малку ќе се истепаа во соблекувалната

Објавено

на

Џејмс Милнер е заменик капитен на Ливерпул и со овој клуб успеа да ја освои толку посакуваната титула во Лигата на шампионите, но и онаа во Премиер лигата која претходно во два наврати ја подигна со Манчестер Сити.

Откако му заврши договорот со „граѓаните“, Милнер се претвори во еден од милениците на публиката на „Енфилд Роуд“ и со својата напорна работа секогаш ги освојува симпатиите, но сега Рагнар Клаван открива дека не било се така идеално во Ливерпул на почетокот на етапа на Јирген Клоп како менаџер на тимот.

Клоп го презема Ливерпул при крајот на 2015-та година кога сезоната веќе беше започната, а наредното лето, едно од неговите први засилувања беше токму Рагнар Клаван кој потоа мина две сезони на „Енфилд Роуд“.

Естонецот открива дека атмосферата била причино напната на почетокот на 2017-та година, кога Клоп и Милнер за малку не се истепале во соблекувалната по едно реми со Сандерленд.

– Најголемиот притисок во мојата прва сезона во Ливерпул беше на почетокот на месец јануари, некаде после Божиќ. Мислам дека игравме со Сандерленд на гостински терен, а по мечот, Клоп и Милнер за малку ќе се истепаа. Милнер се повлече во вистински час, можеше да биде достса лошо.

– Клоп беше подготвен да оди до крај, му се виде тоа во очите. Тоа беше стресен период за него, тоа беше втора сезона за него и чувствуваше притисок. Клоп е феномен, мило ми е што успеа. Неговите говори се незаменливи, секогаш има шега во нив и тоа го немав доживеано со ниту еден друг тренер, – открива Клаван.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни