Поврзете се со нас

Германија

Стоперите му донесоа победа на Дортмунд во рурското дерби (ВИДЕО)

Објавено

на

Фудбалерите на Борусија Дортмунд излегоа како победници од новата епизода од рурското дерби против Шалке 04 во Бундеслигата.

„Милионерите“ потврдија дека во моментов се далеку подобар состав од Шалке и забележаа триумф на „Сигнал Идуна Парк“ со 3-0. Долго време им требаше на домаќините да го најдат патот до мрежата на противникот, а прв успеа тоа да го направи стоперот Аканџи.

Швајцарскиот интернационалец добро се снајде во 55 минута и го отвори резултатот по што се беше полесно за Дортмунд. Дуото Санчо-Халанд во 61 зголемина на 2-0, додека точка на триумфот стави вториот стопер на Борусија Хумелс во 78 минута.

Избраниците на Фавр имаат 12 бода и се на третата позиција зад Баерн Минхен (12) и РБ Лајпциг (13).

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни