Поврзете се со нас

Шпанија

Стопер од Премиер лигата: Барселона ја заокружи втората летна зделка (ВИДЕО)

Објавено

на

Шпанскиот прволигаш Барселона конечно се активираше на трансфер пазарот и за кратко време официјално потврди две имиња за новата сезона.

Прво клубот од „Камп Ноу“ го објави доаѓањето на играчот за врска Франк Кеси, додека пак сега ја информираше јавноста дека постигнала договор со довчерашниот стопер на Челси, Андреас Кристенсен. Кристенсен исто како Кеси доаѓа во Барселона како слободен фудбалер, а со клубот потпиша четиригодишен договор во кој ќе има откупна клаузула од 500 милиони евра.

Барселона го потврди првото летно засилување, ќе има откупна клаузула од 500 милиони евра (ФОТО)

Данецот има 26 години и треба да биде квалитетно засилување за дефанзивната линија. Освен за „сините“ играше во Бундеслигата каде две години беше дел од Борусија Менхенгладбах.

Официјалната промоција ќе ја има на 7 јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни