Поврзете се со нас

Англија

Стопер е најбрзиот играч во Премиер лигата во оваа сезона (ФОТО)

Објавено

на

foto:twitter.com/MirrorFootball

Премиер лигата важи за најквалитетна и најатрактивна лига на светот, шампионат во кој многу важен сегмент е брзината со оглед на темпото, ритамот на натпреварите.

Потребно е физички максимално да бидете подготвени за да одговорите на предизвикот без разлика на која позиција настапувате. Токму затоа е интересен податокот за актуелнава сезона кога е во прашање најбрзиот фудбалер во најсилната англиска конкуренција, играчот кој постигнал најголема брзина.

Имено првото место е резервирано за стоперот на Тотенхем, Мики Ван Де Хен за кого ова е прва кампања во дресот на „петлите“ и воедно на островот. Тој „летал“ со брзина со 37.38 километри на час, поточно со ова воедно стана и најбрз играч од сезоната 2020/2021 надминувајќи го рекордот кој беше во сопственот на Вокер (37.31 km)

Кога се работи за актуелнава кампања на втората позиција е Огбено од Лутон по што следуваат Нето, Собослаи, О’Ши, Гордон и Онана од Евертон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни