Поврзете се со нас

Англија

Стоп за Манчестер Јунајтед и од Италија: Не планираме да го продаваме Арнаутовиќ

Објавено

на

Во текот на денешниот ден како гром од ведро небо се појавија шпекулации кои го поврзуваа Марко Арнаутовиќ со трансфер во Манчестер Јунајтед.

Дека има вистина во тоа потврди и братот на Марко, Данијел кој не го именуваше клубот, но истакна дека добро познат тим сака да го ангажира неговиот брат.

Предмалку, спортскиот директор на Болоња, Марко Ди Ваио потврди дека Манчестер Јунајтед се интересира за Арнаутовиќ, но истакна дека тие не планираат да го продадат нивниот играч.

– Горди сме што Манчестер Јунајтед се интересира за Марко, но не планираме да го продаваме.

– Сакаме да го задржиме во Болоња, како што кажа и претседателот, тој е клучна алка во нашиот проект, дури немаме одредено ни цена по која ќе го пуштиме, -изјави Ди Ваио.

Многумина оваа изјава ја гелдаат како тактика на италијанскиот тим да извлече повеќе пари од Манчестер Јунајтед, клуб кој е познат по тоа што често знае да се расфрла со пари за сите трансфери.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни