Поврзете се со нас

Шпанија

Столе со емотивни зборови се збогуваше од Рајо: Дојдов како дете, си одам како маж!

Објавено

на

foto:twitter.com/RayoVallecano

Мартин Преса не го криеше незадоволството што Столе Димитриевски не стави потпис на нов договор со Рајо Валјекано, но ако претседателот одлучи да испраќа „отровни стрели“, македонскиот чувар на мрежата си заминува како голем џентлмен.

Димитриевски постави историја пред извесно време и стана голманот со најмногу настапи во постоењето на клубот, па поради сето наследство кое го остава во Рајо, добива многу емотивни пораки и од навивачите на клубот.

Повеќе од верројатно е дека следна дестинација на Столе ќе биде Валенсија, а тоа значи дека најдобриот македонски чувар на мрежата ќе го гледаме во Ла Лига и следните сезони.

– Шест години во Рајо….. секогаш сум се претставувал со овие навивачи, со овој клуб и со оваа населба! Горд сум што бев дел од населбата Валјекас! Станав голман со најногу натпревари во историјата на Рајо. Тоа е големо дистугнување и горд сум што играв на толку многу натпревари.

– Доживеав неверојатни моменти тука. Имаше многу добри, но и лоши. Луѓето секогаш ми беа благодарни, имавме многу натпревари и многу победи. На крајот, благодарен сум на клубот, на претседателот, на стручниот штаб и пред се на навивачите кои секогаш се однесуваа добро со мене. Одлучив да не го продолжам договорот, ја донесов таа одлука. На крајот добив понуда, но фудбалот е таков. Треба да затвориш една етапа, за да отвориш нова.

– Ова не е збогум, ова е довидување, можам да се вратам тука. Навистина бев горд што го претставував Рајо, ви благодарам на сите. Дојдов како дете, а си одам како маж. Тука стекнав вредности и научив многу во оваа населба. Многу сум среќен што преживеав шест години во овој специјален клуб, – порачува Столе.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни